Шестмина од Манчестер Сити меѓу најдобрите 11 на 2023 година, најдобар тренер е Пеп Гвардиола

На доделувањето на престижните „The Best“ награди, ФИФА во избор на фудбалерите го одбра тимот на 2023 година во кој место има за повеќе играчи на Манчестер Сити, Реал Мадрид, но и по еден претставник на ПСЖ и Интер Мајами.

Тоа се: Тибо Куртоа, Кајл Вокер, Џон Стоунс, Рубен Дијас, Бернардо Силва, Кевин де Брујне, Џуд Белингхам, Лионел Меси, Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Винисиус Џуниор.

Наградата за најдобар тренер на 2023 година очекувано му пропадна на тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола која го предводеше својот тим до „триплета“, додека наградата во женската конкуренција и припадна на Сарина Вигман.

За најдобар голман на 2023 година беше избран Едерсон, додека во женската конкуренција оваа награда ја понесе Мери Еарпс.

Наградата за фер-плеј тим на годината ја понесе бразилскиот машки сениорски тим.

Се вчитува...