Фантастичен гол со ножички му ја донесе „Пушкаш“ наградата на Бразилецот Мадруга (ВИДЕО)

Престижната награда „Пушкаш“ која ја доделува ФИФА на „The Best“ церемонијата ја доби бразилскиот фудбалер Гилерме Мадруга кој настапувајќи за италијанскиот второлигаш Ботафого го постигна најубавиот гол за 2023 година.

На средбата против Новоризонтино одиграна во јуни Мадруга постигна фантастичен гол со ножички надвор од шестнаестникот и со тоа стана само третиот Бразилец по Нејмар и Вендел Лира кој ја освоил оваа награда.

Се вчитува...