Лионел Меси, на изненадување на поголемиот дел од фудбалскиот свет, е прогласен за најдобар фудбалер на 2023 годината од страна на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на церемонија во Лондон.
Добар дел од фудбалските аналитичари не може да се согласат Меси две години по ред да го добива признанието за најдобар за освоена светска титула со Аргентина од 2022 година. „До кога титулата од 2022 ќе му носи награди за најдобар на Меси?“ – е прашањето на фудбалските навивачи.
A, Меси освои ист број поени како и Ерлинг Халанд, но ја доби наградата бидејќи повеќе капитени на репрезентациите му дадоа максимални пет бода. Најдобриот го избраа капитените на репрезентациите, селекторите, новинарите и навивачите. Меси ги остави зад себе Халанд, Килијан Мбапе и другите конкуренти и по осми пат стана најдобар играч на светот според ФИФА. Наградата претходно ја доби и во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019 и 2022 година.
Норвешкиот напаѓач Халанд, пак, минатата сезона со Манчестер сити ги освои Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот и УЕФА Суперкупот. На 53 натпревари, тој постигна 52 гола и постави девет од нив. Токму затоа се очекуваше тој да го понесе признанието најдобар…
Затоа реакцијата на неговиот татко, поранешниот фудбалер Алфи Халанд, во моментите кога Меси е прогласен за најдобар е всушност реакцијата на вчудоневиденост на целиот свет…
Erling Haaland’s father still can’t believe that Lionel Messi won FIFA THE BEST twice, because of a world cup he won two years ago.😭 😭
I’m sorry football authorities failed your son sir😭pic.twitter.com/3MSASnVxb7
— CR7’s PR manager (@RONALDOthabeast) January 15, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

