Ѓоковиќ: Ќе кажам што се ми се случуваше, но кога нема да ги гледам овие луѓе во тенисот…

Новак Ѓоковиќ истакна дека еден ден ќе ја објави неговата автобиографија во која ќе каже многу нешта за светот на тенисот, но тоа ќе биде по крајот на неговата кариера.

А, до тој момент работи на продолжението на книгата „Сервирај за победа“ која е објавена пред повеќе од една деценија во која пишува за бомбардирањето на Белград, но и за безглутенската исхрана.

„Ќе има, ќе има и автобиографија. Сепак, пред автобиографијата ќе има друга книга која самостојно ја почнав“ – рече Ѓоковиќ, и дополни:

„Автобиографијата ќе дојде еден ден, најверојатно кога ќе ја завршам кариерата. Ќе биде тоа полека, не сакам да ја брзам затоа што има многу што да се каже. Ќе биде испратено со многу работи, отворено, кога веќе нема да ги гледам овие луѓе – ха, ха… се шегувам секако“.

Новак утре го очекува дуелот од втората рунда на Австралија Опен против Алексеј Попирин.

Се вчитува...