Воска се засилува и со поранешниот играч на Шкупи, Ардит Иљази

Екипата на Воска спорт за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига ќе се засили и со поранешниот фудбалер на Шкупи, Ардит Иљази.

23-годишниот дефанзивец минатата година беше дел од екипата на Теута во албанската Суперлига, но сега повторно се враќа во македонскиот шампион од каде, како играч на Шкупи, замина во јуни 2022 година.

Иљази претходно настапуваше и за Гостивар од каде фудбалски потекнува, по што се пресели во 2019 година во редовите на Шкупи.

Се вчитува...