Луди бројки за посетеност во Евролигата: На чело е Партизан, па Црвена Звезда…

Посетеноста на евролигашките кошаркарски натпревари расте од година во година, а најзаслужни за овој тренд во новата сезона се АБА-лигашите Партизан и Црвена Звезда.

Двете српски екипи втора година по ред се дел од елитното натпреварување, а токму полните сали на нивните домашни натпревари се меѓу главните причини за одличните бројки на посетеност што денеска ги објави Евролигата, како осврт на првитее 17 рунди од ова натпреварување.

На чело на ранг-листата се наоѓа Партизан со просек од 19.801 навивачи на своите домашни средби, пред Црвена Звезда со 18.888, по што следат Жалгирис со 14.935, потоа Панатинаикос со 14.914, Ефессо 12.079, Олимпијакос 11.323…

„Оваа сезона бележиме раст од 17,4% во посетата по првите 17 рунди. Просекот изнесува 10.296 гледачи по натпревар во Евролигата, што е скок за 1.525 гледачи по натпревар во однос на лани. Згора на тоа, шест екипи имаат над 90% исполнетост на трибините на своите домашни средби, Партизан е прв со 99%, пред Жалгирис со 97%, Црвена Звезда со 95%, Баерн Минхен (95%), Олимпијакос (93%) и Асвел (92%)“, се вели во соопштението на Евролигата.

Се вчитува...