Брегалница ги дефинираше тестовите: Контроли со Силекс, Беласица, Дубочица…

Брегалница ги дефинираше и термините и противниците за пријателските натпревари за време на зимските подготовки за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Интересно, штипјани ќе ги почнат контролите со Силекс на 20. јануари од 13 часот на Градскиот стадион во Штип, и ќе ги заокружи повторно со Силекс на 10. февруари што ќе биде генерална проба пред стартот на вториот дел од шампионатот.

Брегалница во меѓувреме ќе одигра и пријателски средби и со Детонит Плачковица и Беласица, како и со српскиот прволигаш Дубочица.

Се вчитува...