Австралија Опен се извини поради забраната за прикажување на македонското државно знаме за време на првиот грандслем турнир во годината. Сето тоа било по грешка! Македонското министерство за надворешни работи реагираше до австралиското МНР па организаторот на грандслем турнирот „Австралија опен“ се извини за ненамерната грешка!
Како што е познато државното македонско знаме се најде како забрането, покрај она со сонцето од Кутлеш, палестинското, тајванското, руското и израелското за време на одигрувањето на натпреварите од Австралија Опен.
Македонското МНР реагирало преку амбасадата во Канбера, па веднаш е добиен одговор дека се работи за ненамерен технички пропуст кој не довел до ефективни ограничувања.
„Организаторот појасни дека согласно важечките правила, на трибините за време на натпреварите на турнирот дозволено е да се веат само знамиња на учесниците на натпреварот; воедно добивме и потврда дека за време на учеството на нашата натпреварувачка Лина Ѓорчевска, официјалното знаме на земјава било присутно на трибините меѓу гледачите без никакви ограничувања“ – се вели во соопштението на македонското МНР.
Фотографија од македонското државно знаме, можеше да се забележи, на лист со забранети кој го добија реализаторите на ТВ преносите заедно со уште неколку други знамиња, за кои претходно беше објавено дека се забранети на турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

