Руне: На Новак Ѓоковиќ не можете да му влезете „под кожа“

Голем дел од епизодата посветена на Холгер Руне во серијалот на „Нетфликс“ наречен „Brake Point“ е посветен на победата на Данецот над српскиот тенисер и рекет број еден Новак Ѓоковиќ во главниот град на Италија.

Дваесетгодишникот говореше и пред и по победата над Србинот. Говореше за неговиот менталитет, позитивната аура и стравот, но покажа и почит кон еден од најголемите тенисери во историјата.

„Мило ми е што Новак се врати, со играчите како него сакам да играм на најголемата сцена. Тој е фантастичен играч со неверојатен менталитет од мој може многу да научам. Целата аура околку него е неверојатна, но и застрашувачка“, вели Руне кој потоа продолжи:

„Освоив сет и го погледнав. Тој само седна на клупата. Се запрашав „Се лути ли некогаш овој човек?“ На другите играчи може да им влезете „под кожа“, но не и на Новак. Тој е посебен“.

Се вчитува...