Најсилното регионално кошаркарско првенство, АБА лигата наскоро би можела да биде дополнително засилена со влез на нов клуб кој не доаѓа од просторите на поранешна Југославија, откриваат српските медиуми. Станува збор за романскиот Клуж кој изразил интерес за приклучување во првенството за кој веќе и го известил раководството.
Петкратниот романски шампион е најдобриот клуб во тамошното првенство во последните години, а бележи настап и во Еврокупот. Клубот веќе има и големо интернационално искуство со оглед на тоа што во изминатите години ги помина и ФИБА натпреварувањата како Лигата на Шампионите и Еврокупот каде притоа забележа и настап при самата завршница.
Покрај Клуж интерес за влез во АБА лигата претходно покажа и Дубаи, а Арапите ветуваат и финансиски придонес за клубовите. Каков поединечен бенефит ќе имаат клубовите доколку во натпреварувањето се приклучи и Клуж засега останува непознато. За Дубаи или Клуж да се приклучат на АБА лигата потребна е едногласна одлука на клубовите во АБА. Дали оваа идеја ќе се реализира ќе биде познато по заседанието на регионалното првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА