Баерн Минхен има нова сезона во која се соочува со проблеми во кадарот. На почетокот на сезоната имаше тензии помеѓу тренерот Томас Тухел и Џошуа Кимих, а сега германските медиуми откриваат ново незадоволство поврзано со холаднскиот репрезентативец Матијас де Лихт.
Дваесетичетиригодишникот не е омилен кај германскиот стратег и односот меѓу овие двајца е многу тензичен со што се отвара можност за заминување на стоперот од Минхен.
Де Лихт пристигна во Баерн Минхен во 2022 година како 65 милионско засилување од редовите на Јувентус, но не успеа да се наметне во тимот. Покрај тоа проблем предизвикува и неговата плата од 15 милиони евра по сезона, плата која за Германците е преголема во споредба со настапите кои ги прикажува овој фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

