Фудбалерите на Македонија ЃП доживеаја убедлив пораз на првиот контролен натпревар за време на зимските подготовки за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
„Лавовите“ за време на подготовките во Хрватска загубија со 4-1 од хрватскиот шампион Динамо Загреб.
Првото полувреме на мечот заврши со 1-1, а токму во тој дел од играта Македонија ЃП го постигна единствениот погодок преку Адмир Љатифи.

За Динамо Загреб стрелаа во два наврати Бродиќ, а по еднаш погодија Куленовиќ и Видовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

