Синер фуриозно до трето коло на Австралија опен, елиминација на Возниацки и Жабер

Италијанскиот тенисер Јаник Синер без поголеми проблеми се пласираше во третото коло на првиот гранд-слем турнир сезонава Австралија опен откако доцна синоќа славеше над холандскиот тенисер Јеспер де Јонг со максимални 3-0, по сетови идентични 6-2 во сите три.

Во третото коло Италијанецот за противник ќе го има аргентинскиот тенисер Себастијан Баез кој денеска со 3-1 (7-5, 2-6, 6-2 и 6-4) славеше во јужноамериканското дерби против Евкадорецот Даниел Галан.

Во третото коло пласман досега обезбедија и Алекс де Минор, Цоболи и Фриц.

Кај дамите освојувачката на УС опен од минатата година Кори Гоф беше сигурна против сонародничката Долехид, додека елиминација доживеаја поранешната освојувачка на турнирот Каролин Возниацки која загуби од Mарија Тимофеева, како и Онс Жабер која беше прегазена од руското чудо од дете Мира Анреева (6-0 и 6-2).

Се вчитува...