Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ одигра одличен натпревар постигнувајќи два гола и беше најзаслужниот за победата на неговиот Јувентус над Сасуоло од 3-0.
Очекувано, по натпреварот поранешниот напаѓач на Партизан и Фиорентина беше пофален од тренерот на „Старата дама“ Масимилијано Алегри.
„Влаховиќ се подобрува. Кога пред некоја вечер влезе против Фросиноне, одигра слаб половина час затоа што очајно сакаше да направи се. Тоа беше знак на незрелост, па морав да разговарам со него. Вечерва беше многу помирен. Тој не се расправаше толку со судијата, но мора да се обиде да ги избегне тие грешки во иднина“, рече Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА