Актуелната бранителка на трофејот Арина Сабајленка без поголеми проблеми ја мина и втората пречка на женскиот дел од турнирот на првиот гранд-слем турнир во сезоната Австралија опен.
Белорусинката во второто коло на турнирот во Мелбурн славеше против 16-годишната чешка тенисерка Бренда Фрухвиртова со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-2 за нешто повеќе од еден час игра.
Во 3. коло Сабалјенка ќе се сретне со подобрата од дуелот меѓу Украинката Цуренко која е 28. носител на турнирот и Шпанката Масарова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

