Жозе Мурињо неодмана доби отказ од Рома и покрај успехот со тимот од главниот град на Италија во последните две години во кои го предводеше тимот од првиот европски трофеј освојувајќи ја Конференциската лига, а сезона подоцна и до финалето на Лига Европа.
Португалскиот стратег кој во минатото четири пати беше прогласен за најдобар тренер на годината веќе го бара новиот ангажман, а според шпанските медиуми неговиот агент го понудил на Барселона како замена за Чави чие место на „Камп Ноу“ е неизвесно по лошата сезона.
Мурињо на почетокот на кариерата, од 1996 до 2000 година беше дел од Барселона како помошен терен на Сер Боби Робсон, а подоцна и на Луис ван Гал.
Пред Рома како главен тренер ги предводеше и Бенфика, Лерија, Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Тотенхем освојувајќи 26 трофеи со кои е еден од најтрофејните тренери во историјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

