Вицешампионот на Евролигата, Олимпијакос се мачи во новата сезона. Грчкиот тим е на седмото место на табелата во најсилното европско кошаркарско натпреварување со скор од 11 победи и 10 порази, а тимот предводен од Јоргос Барцокас доби и нови лоши вести пред престојните натпревари против Макаби Тел Авив, големиот ривал Панатинаикос и Реал Мадрид.
Имено, дел од тимот во следниот период нема да биде центарот Мустафа Фал кој заработи повреда на коленото и го очекува пауза од најмалку три недели.
Фал ова лето како конкуренција на центарската позиција го доби Никола Мулутинов, но и покрај тоа што ја дели минутажата со српскиот репрезентативец бележи најдобри бројки во кариерата проследени со 7.7 поени, 4.6 скокови, 2.7 асистенции и 1.2 блокови по натпревар.
Неизвесен за следните натпревари останува и Филип Петрушев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА