Александар Митровиќ се враќа во Премиерлигата?

Српскиот репрезенттивец Александар Митровиќ по само шест месеци поминати во Саудиска Арабија би можел да се врати назад во Премиерлигата, но не во редовите на Фулам од каде направи 50 милиониски трансфер, туку во градскиот ривал Челси, пренесуваат англиските медиуми.

Тимот предводен од Маурисио Покетино се мачи и во новата сезона, пред се во завршницата па голема желба на аргентинскиот стретег за зимско засилување е веќе докажан напаѓач каков што е Митровиќ кој има 38 голови во Премиерлигата, а и во моментот е во врвна форма настапувајќи за Ал Хилал.

Саудискиот клуб не сака лесно да се откаже од услугите на својот најдобар напаѓач, но според англиските медиуми предност во преговорите се добрите односи со американскиот газда на Челси, Тод Боели.

Покрај Митровиќ, Челси на радарот ги има и Карим Бензема и Роберто Фирмино, напаѓачи кои исто така настапуваат во најквалитетното првенство во Саудиска Арабија.

Се вчитува...