Нешто слично како и во првата рунда натпревари, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во меч во четири сета успеа да го мине 2. коло на Австралија Опен.
Ѓоковиќ денеска по три часа и 12 минути игра славеше со 6-3, 4-6, 7-6 (4) и 6-3 против домашниот тенисер Алексеј Попирин.
Пресуден беше третиот сет во кој Попирин имаше четири сет топки, но Ѓоковиќ успеа да ги спаси и потоа во тај-брејкот да го освои сетот. Јасно беше дека тука Попирин е скршен а последниот сет беше само рутина за Србинот.
24-годишниот Попирин е роден во Сиднеј, а е со руско потекло, и во моментов е на 43. место на АТП ранг листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

