Тиквеш се засили со Зоран Даноски (ФОТО)

Кавадаречкиот прволигаш Тиквеш се засили за пролетниот дел од сезоната и со крилниот офанзивец Зоран Даноски.

Искусниот фудбалер доаѓа од босанска Звијезда 09, а настапуваше за Тиквеш и во 2017 година.

На македонската сцена претходно во својата кариера настапуваше и за Победа, Металург и Кожув, а на меѓународната сцена има настапи и чеешките Бањик и Прибрам, за Интер Запрешиќ во Хрватска, како и за Радник, Пролетер, Младост Лучани и Нови Пазар во Србија.

Се вчитува...