Во уште еден за него напнат натпревар, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во денешното 2. коло на Австралија опен против домашниот тенисер Попирин славеше со 3-1 во сетови.
Но, дуелот го одбележа и караницата на Ѓоковиќ со еден навивач на трибините кој во четвртиот сет цело време го провоцираше српскиот тенисер.
Новак, не издржа и во еден момент бурно почна да се обраќа кон него:
„Ајде, слези тука, дојди слободно и кажи ми го тоа што цело време го зборуваш во лице“.
— ScepanCar (@ScepanCar) January 17, 2024
Победата на крај Ѓоковиќ ја прослави навистина еуфорично покажувајќи колку му значи секој натпревар, а по мечот откри и дека тој навивач на крајот се извинил за навредите кои му ги упатувал за време на играта и дека се завршило добро.
— Mariel (@malasirena111) January 17, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

