Дончиќ се врати со трипл-дабл, но Далас загуби од ЛА Лејкерс

ЛА Лејкерсс ја доби пресметката на западот против Далас маверикс со 127-110, меч на кој на гостите не им помогна ниту камбекот на Лука Дончиќ. Словенецот се врати откако пропушти неколку средби поради повреда, оствари трипл-дабл од 33 поени, 13 скока и 10 асистенции, но и тоа беше недоволно за да се стигне до триумф. Кајри Ирвинг, кој играше извонредно додека Дончиќ беше повреден, синоќа тотално потфрли постигнувајќи скромни 12 поени со шут од игра 4/16.

„Езерџиите“ имаа контрола над резултатот уште од втората четвртина, а триумфот го запечатија со извонредниот трет период што го добија со 42-27. Расел беше најефикасен во победничкиот тим со 29 поени, додека Дејвис постигна 28 поени, надополнети со 12 скока и 9 асистенции.

Милвоки беше Јанис Адетокумбо во тимот доживеа вистински дебакл на гостувањето против Кливленд, губејќи со 40 поени разлика (135-95). Нианг со 33 и Мичел со 31 поен беа најефикасни во победничкиот тим, кој триумфот го обезбеди уште во првото полувреме што го доби со преубедливи 66-33.

Најдраматично беше во Атланта, каде домашниот тим славеше над Орландо со 106-104 со поените со звукот на сирената што ги постигна Мареј.

Резултати НБА:

Детроит – Минесота 117-124, Атланта – Орландо 106-104, Бостон – Сан Антонио 117-98, Кливленд – Милвоки 135-95, Њујорк – Хјустон 109-94, Торонто – Мајами 121-97, Њу Орлеанс – Шарлот 132-112, ЛА Лејкерс – Далас 127-110, Портланд – Бруклин 105-103.

Се вчитува...