Суспензијата од осум месеци му истече: Брентфорд доби големо засилување

Иван Тони е подготвен да се врати на фудбалските терени откако голгетерот на Брентфорд ја одлежа суспензијата од осум месеци што му беше изречена поради прекршување на строгите правила на ФА за обложување на фудбалски натпревари.

Одличниот голгетер постигна 32 гола на 64 средби за Брентфорд откако пристигна во овој клуб во 2020 година, неговото отсуство остави трага врз игрите на овој тим, но Тони сега е максимално фокусиран на камбекот на терените.

„Конечно, се чувствувам како слободен човек. Целиот товар што го носев на себе овие месеци веќе го нема. Се чувствувам полн со енергија, едвај чекам да се вратам“, изјави Тони, кој нема настапено на официјален меч уште од 6 мај 2023 година.

Овој 27-годишен напаѓач се наоѓа високо на листата со желби на Арсенал и Челси, проблем е што Брентфорд бара огромни 100 милиони фунти за негов трансфер, но Тони не ја исклучува можноста веќе во јануари да се пресели во некој клуб со посериозни амбиции.

„Секако дека би сакам да играм за топ-клуб, секој фудбалер во светот сонува за трансфер во некој од најголемите клубови, борба за трофеи и такви работи. Затоа, можеби веќе во јануари некој тим ќе дојде, ќе ја плати вистинската сума и којзнае, можеби веднаш ќе заминам“, истакна Иван Тони.

Се вчитува...