Партизан ќе биде сериозно ослабен за утрешното гостување против Панатинаикос откако капитенот Кевин Пантер воопшто не отпатува со остатокот на екипата за Атина.
Не станува збор за повреда, туку за болест, Пантер поради висока температура ги пропуштил последните два тренинга, а откако лекарите не успеале да најдат решение за проблемот било решено одличниот кошаркар воопшто да не патува за Грција, поради голем ризик за ширење на вирусот врз остатокот од тимот.
Пантер е прв стрелец на Партизан, сезонава има просек од 14,2 поени, 2,5 скокови и 2,2 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА