Донов од АП Брера се пресели во Брегалница

Брегалница успеа да договори уште еден трансфер, па така штипскиот прволигаш денеска го официјализираше договорот со Илија Донов. Станува збор за играч за врска кој треба да го засили средниот ред на штипјани, откако го мина првиот дел од сезоната во дресот на АП Брера.

Овој трансфер всушност претставува директна размена меѓу Брегалница и АП Брера, откако во спротивен правец, од Штип во Струмица се пресели Зоран Андонов.

Илија Донов пред АП Брера има настапувано и за Вардар Неготино и за Саса, а овој 22-годишен фудбалер веќе се приклучи на остатокот од тимот и му се стави на располагање на тренерот Здравков.

Се вчитува...