Центарот на Портланд трејлблејзерс Деандре Ајтон остана заглавен дома поради проблеми со снегот и мразот и не можеше да присуствува на натпреварот на Блејзерс против Бруклин Нетс.
Имаше голема снежна и ледена бура во и околу Портланд, па Ајтон, како и сите други, остана заробен во неговата куќа. Со часови се обидуваше да ја пробие ледената покривка, а не помогна ниту помошта која ја испратија од неговиот тим.
Портланд победи и покрај отсуството на Ајтон со 105-103 со кошот на Симонс во последната секунда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

