Саша Дончиќ е нов спортски директор на кошаркарската федерација на Словенија

Саша Дончиќ е назначен за нов спортски директор во Кошаркарскиот сојуз на Словенија, потврдија од федерацијата на таа земја.

Таа улога ја извршуваше неодамнешниот генерален секретар на Федерацијата, Радослав Нестеровиќ, но кога тој ја напушти федерацијата, функцијата ја презеде Алеш Крижнар, со кој отсега ќе соработува Саша Дончиќ.

Саша Дончиќ работеше во словенечкиот клуб Илирија, но неодамна си замина од тој тим. Пред Словенците е првото коло од квалификациите за ЕП 2025 година, додека на лето ќе има турнир за пласман на Олимписките игри во Париз.

Се вчитува...