И Новак Ѓоковиќ се збогуваше со Милојевиќ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се прости од починатиот кошаркарски тренер Дејан Милојевиќ.

Ѓоковиќ, кој моментално е во Австралија, на својот Инстаграм напиша „Почивај во мир“. Помошниот тренер во Голден Стејт вориорс, почина во средата на 47-годишна возраст како последица на срцев удар.

Инаку, Ѓоковиќ гостуваше на прошталниот меч на Милојевиќ од Мега во јуни 2020 година.

Се вчитува...