Костадин Захов е нов голман на Воска

Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига Воска Спорт продолжува со составувањето на тимот за пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ. Искусниот голман Костадин Захов е нов чувар на мрежата на охридскиот тим.

Тој по осум години замина од Шкендија со која во неколку наврати ја освојуваше титулата во ПМФЛ. Захов ја стартуваше кариерата во Беласица, а потоа бранеше за Хоризонт Турново, Вардар, Брегалница и за Шкендија.

 

Се вчитува...