Македонскиот фудбалски прволигаш Тиквеш го одигра првиот контролен натпревар како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Кавадарчани денеска во локалното дерби славеа на домашен терен против Вардар Неготино со 4-0. Стрелци на головите за Тиквеш беа Стојков, Дановски, Спахиу и Силва.
До победа стигна и актуелниот шампион Струга ТЛ кои славеа против Караорман со 4-1. Стрелци на головите за Струга ТЛ беа Ибраими, Мазрекај, Компаоре и Јаровиќ, додека за Караорман стрелец беше Перески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

