Meдведев во маратонски меч до 4 часот по полноќ до трето коло на Австралија опен

Еден од најдобрите тенисери на денешницата Данил Медведев во маратонски меч кој заврши нешто пред 4 часот по полноќ по австралиско време славеше во пет сета против Финецот, Емил Русовори со 3-2, по сетови (3-6, 6-7, 6-4, 7-6 и 6-0).

Финецот одигра еден маестрален и неверојатен меч, посебно во првите два сета кои успеа да ги добие и да го стави во многу тешка положба големиот фаворит. Голема борба следеше и во третиот и во четвртиот сет кои некако успеа да ги добие Русинот и да го одведе мечот во одлучувачкиот петти сет.

Таму, младиот Финец веќе немаше сила за ништо повеќе, па Медведев рутински стигна до него (6-0) за конечен триумф од 3-2 во сетови. Медведев во 3. коло за противник ќе го има Канаѓанецот, Феникс Оже-Алиасим.

Се вчитува...