Македонскиот репрезентативец Енис Барди со нова асистенција во дресот на Трабзонспор, по онаа во првенството изминатиов викенд, за нова победа на неговиот тим овој пат во Купот на Турција.
Трабзонспор ги продолжува натпреварите во финалните рунди од Купот на Турција откако триумфираше со 3-1 против Маниса.
Барди во 28. минута одлично изведе корнер од левата страна, асистирајќи на Енис Дестан за погодок за водство на Трабзонспор од 2-1 во тие моменти.
GOL | 🔴🔵 Trabzonspor 2 – 1 Manisa FK ⚫️⚪️
⚽️ 29′ Enis Destan#ZTK pic.twitter.com/D1TangIAdx
— A Spor (@aspor) January 18, 2024
Во второто полувреме домашните постигнаа уште еден гол за конечни 3-1. Барди одигра до 65. минута на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

