Во повеќе од драматичен натпревар Црвена Звезда загуби пред своите навивачи со 90-91 од Басконија во 22. коло од Евролигата.
Белграѓани почнаа добро, во првото полувреме имаа контрола на играта и резултатот, но се се промени во вториот дел.
Црвена Звезда на осум минути пред крајот имаше негатива и од 11 поени (63-74), на четири минути до финишот и осум поени (74-82), но успеа со извонреден финиш да дојде и до 83-84. Во израмнети последни минути на крајот низ последните секунди Басконија се стекна со предност од 87-91, а домашните со тројката на Дос Сантош Јаго во последната секунда единствено успеаја да дојдат до конечен 90-91.
Во победничкиот тим феноменален беше Маркус Хауард со 32 поени, а кај Црвена Звезда се издвои Дос Сантош Јаго со 26 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА