Наполи си обезбеди место во финалето на Суперкупот на Италија откако во полуфиналето на КСУ Стадионот во Ријад убедливо славеше со 3-0 против Фиорентина.
Наполитанците поведоа уште во 22. минута со голот на Симеоне, за да потоа првиот дел мине во знакот на тимот од Фиренца. Сепак, Иконе во 44. минута не успеа да реализира пенал за Фиорентина за израмнување.
Someone tag Trey,
Napoli are finally scoring first without Osimhen.
22′ Giovanni Simeone 1-0 Fiorentina. pic.twitter.com/7tEbonUzOu
— Legione (@UTDLegione) January 18, 2024
Па, во второто полувреме следеше казната и со двата гола на Ѕербин во 84. и во 86. минута Наполи дојде до триумфот од 3-0.
Во финалето закажано за понеделник (22. јануари), Наполи ќе се сретне со подобриот од втората полуфинална пресметка Интер и Лацио која се игра утре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА