Полноќна „бомба“: Мурињо не „плачеше“ долго по Рома – веднаш си најде нов клуб!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо, откако во солзи ја напушти Рома, и тоа како брзо, се чини, си пронајде веднаш нов тренерски ангажман.

Според извештаите од Саудиска Арабија, Мурињо веќе дал согласност да ја преземе екипата од Про лигата, Ал-Шабаб.

Португалецот изминатиов период во неколку наврати потврди дека одбил неверојатни понуди од Саудиска Арабија како би останал на „Олимпико“, но сега веќе нема пречки да се пресели.

Но, за доведување на Мурињо, Ал-Шабаб најпрво мора да добие дозвола од Комисијата за финансии при Министерството за спорт. А, ако се добие дозвола, и дефинитивно се очекува португалскиот стратег да ја преземе клупата на тимот. Тоа, пак, значи дека од неа ќе лета хрватскиот тренер Игор Бишчан, кој веќе со недели е отпишан од овој клуб но некако успева да преживее.

Се вчитува...