Шкендија се засили со Стефан Коцев кој се враќа од казахстански Каспиј (ВИДЕО)

Шкендија продолжува со засилувањата за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци официјално го промовираа и десниот бек Стефан Коцев како ново засилување за тимот.

29-годишниот Коцев по една полусезона во казахстанскиот Каспиј, повторно се враќа во македонското првенство, но овој пат во дресот на Шкендија. Претходно во својата кариера во Македонија има настапи и за Брегалница и Силекс. На интернационалната сцена, пак, беше дел од грчки Аспропиргос како и косовска Лирија.

Се вчитува...