Ѓоковиќ се подобар – Без никакви проблеми преку Аргентинецот Ечевери до осминафинале!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се подобро игра на Австралија опен како одминува првиот гранслем турнир годинава.

Во 3. коло во Мелбурн, Ѓоковиќ во три сета славеше против Аргентинецот Томас Мартин Ечевери победувајќи со 6-3, 6-3 и 7-6(2).

Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Американецот Бен Шелтон и Манарино од Франција. Во моментов е 2-2 во сетови меѓу двајцата тенисери, па низ петти сет ќе одлучуваат кој ќе игра против најдобриот светски тенисер.

Се вчитува...