Атаман пред Партизан: Ќе биде тоа катастрофа…

Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман бурно реагираше на констатациите на дел од новинарите на прес-конференцијата пред денешниот дуел со Партизан во Атина во Евролигата.

Атаман не се согласува дека ќе биде тоа уште една забава на ПАО и очекувана лесна победа.

„Најлошо нешот кое може да го очекувате дека овој меч ќе биде „парти тајм“. Имаме многу болни и повредени играчи, не сме најдобро подготвени за овој меч, а најлошо од се што сите мислат дека ќе биде лесно. Ако моите играчи мислат како сите вас, дека ова ќе биде еден забавен натпревар, тоа ќе биде вистинска катастрофа“ – истакна Атаман.

Првиот меѓусебен дуел сезонава кој се одигра во Белград заврши со победа на Партизан.

Се вчитува...