Баерн подготвува ново супер-засилување во јануари од Премиерлигата!

Баерн Минхен, се чини, како никогаш досега е активен во јануарскиот преоден рок. Неодамна во клубот пристигна Ерик Дајер, но како што пренесуваат германските медиуми гигантот од Минхен ќе донесе уште едно засилување од Премиерлигата.

На мета на минхенскиот клуб се неколку фудбалери, но веќе со сигурност може да се каже дека е многу блиску реализацијата на трансферот на Киеран Трипие кој игра во извонредна форма за Њукасл.

Њукасл исто така е заинтересиран за продажба на еден од своите најдобри фудбалери како би го поправил статусот околу финансискиот фер-плеј. Сето тоа би дошло како „кец на десетка“. А и самиот Трипие нема ништо против да се пресели во Минхен.

Баерн, според информациите, веќе е во завршни преговори за доведување на 33-годишниот десен бек.

Се вчитува...