Ал-Етифак е во криза, но го награди Џерард со нов договор

Легендата на Англија и на Ливерпул, Стивен Џерард, потпиша нов договор со Ал-Етифак кој е со важност до 2027 година. Новиот договор практично претставува продолжување на соработката на уште две години, но постои опција за дополнително продолжување.

Веста ја објави клубот, веднаш откако си замина една од ѕвездите на клубот, Џордан Хендерсон кој потпиша за Ајакс.

Ал-Етифак е далеку од титулата, односно има 28 бодови помалку од Ал-Хилал. И покрај тоа што тимот е во криза, и девет меча по ред нема победа, сепак, на крајот раководството верува во Џерард дека може да го однесе тимот кон успеси во се поатрактивната лига во Саудиска Арабија.

Се вчитува...