Фудбалерите на Атлетико Мадрид, успеаја вчера да се пласираат во 1/4 финалето на Купот на Шпанија, откако го елиминираа градскиот ривал Реал Мадрид со 4-2, дури по продолженијата.
Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне изрази задоволство од победата, но и го пофали противничкиот тим.
„Реал Мадрид сигурно е најдобриот тим на светот. Имаат одличен противнапад, многу трчаат, постигнуваат голови и играчите од средниот ред, имаат голем напаѓач и затоа победуваат во речиси сите натпревари. Тоа не е среќа. Тие се добри, но ние добро им парираме. Сите наши натпревари се тесни. Многу е тешко да се победи Реал“, рече Симеоне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

