Ѓоковиќ: Не знам за другите, но знам дека многу го нервирав Федерер

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен откако во 3. коло во три сета славеше против Аргентинецот Томас Мартин Ечевери победувајќи со 6-3, 6-3 и 7-6(2).

За противник во следната фаза Србинот ќе го има Адриан Манарино од Франција кој пак во меч од пет часа славеше против Бен Шелтон приредувајќи сензација. Американецот важеше за голем фаворит против „аутсајдерот“, а и го провоцираше Ѓоковиќ пред можниот меѓусебен дуел до кој сепак нема да дојде.

Ѓоковиќ на пресконференцијата за медиуми доби интересно прашање да го прокоментира однесувањето на младите тенисери денеска, а воедно да се осврне и кон своите почетоци кога и самиот беше критикуван за однесувањето.

„Тоа е добро прашање. Знам дека сигурно на Федерер не му се допаѓаше моето однесување. Мислам дека тоа не помина добро кај него, за другите не знам. Верувам дека не им бев омилен на некои од најдобрите тенисери бидејќи не се плашев да кажам дека сакам да бидам најдобар тенисер на светот. Имам самодоверба и верувам дека имам игра со која можев тоа да го потркепам.

Но, никогаш не ми недостасуваше почитта кон другите. На било кој меч пред почетокот и по крајот на мечот секогаш се поздравував со противникот, секогаш му давав дознаење. Почитта е нешто што мора да биде присустна без обѕир на се што се случува. Нормално е дека на теренот може да се случи многу во жарот на борбата. Оддамна дебитирав, пред 20 години. Тешко ми е да се сетам на сите кои ме сакаа и оние кои не ме сакаа“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...