Отпишаниот Англичанец на Манчестер Сити го засилува Вест Хем Јунајтед?

Четириесетидевет милионското засилување на Манчестер Сити во 2022 година, Калвин Филипс е пред излезните врати на „Етихад“, а голема е веројатноста дека следната дестинација за 28-годишникот ќе биде лондонскиот Вест Хем Јунајтед.

Премиерлигашите веќе започнале преговори за трансфер кој се очекува да биде позајмица до крајот на сезоната со опција за откупување на договорот, пренесуваат медиумите на „Островот“.

Филипс оваа сезона настапи на само четири натпревари во елитното фудбалско натпреварување во Англија. За него неодамна говореше и Пеп Гвардиола кој изјави дека кога го замислува тимот, се мачи да го види Филипс во него па и самиот шпански стратег дозволува заминување за англискиот репрезентативец повторно да дојде до почетниот тим како во времето поминато во Лидс.

Се вчитува...