Екипата на Гостивар беше поразена од Ујпешт на првиот пријателски натпревар во Анталија. Гостиварци израмнија со автогол на почетокот на вториот дел, но во финишот примија уште еден и претрпеа пораз.
Во 9. минута Ујпешт поведе со 0-1. Голот падна после еден центаршут од десната страна, а противничкиот фудбалер со глава погоди во мрежата на Гостивар.
Гостиварци израмнија со комичен авготол. Фудбалерот на Ујпешт во обид да ја врати топката до својот голман, си ја погоди сопствената мрежа.
Во 78. минута Ујпешт дојде до предност и до победата, после една акција и гол од десната страна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

