Комеморација во чест на Бекенбауер: „Алијанц арена“ му оддаде последна почит на Кајзер Франц (ВИДЕО)

На стадионот на Баерн Минхен се одржа комеморацијата за смртта на еден од најдобрите германски фудбалери на сите времиња, Франц Бекенбауер, кој почина на 7. јануари на 78-годишна возраст.

На комеморацијата на „Алијанц арената“ во родниот Минхен на Бекенбауер присуствуваа голем број политички претставници, голем број спортисти, како и илјадници навивачи на Баерн.

„Ние не се збогуваме само со фудбалер од светска класа, туку се збогуваме и со голема личност. Тој не инспирираше. Неговата искреност, пријателство и однос беа во склад со неговите фудбалски вештини. Ти благодарам Франц, ти благодарам за се “, изјави претседателот на Баерн, Франк-Валтер Штајнмаер.

Се вчитува...