Петар Слишковиќ е ново засилување за ФК Гостивар (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски прволигаш продолжува со составување на тимот кој ќе има високи амбиции во пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Ново име во таборот на гостиварци е искусниот хрватски фудбалер, роден во Сараево, Петар Слишковиќ. Напаѓачот во Гостивар доаѓа од индискиот шампионат каде што го имаше последниот ангажман.

Тој во кариерата беше дел и од германските Мајнц, Динамо Дрезден, Дуизбург, Сент Паули…

Се вчитува...