Италијанскиот првак Наполи вечерва официјализираше уште еден трансфер, потврдувајќи го ангажманот на крилниот офанзивец Сирил Нгонге.
Станува збор за 23-годишен белгиски интернационалец кој настапуваше за Верона,а добрите игри за овој тим придонесоа да се најде на листата со желби на италијанскиот првак. Нгонге зад своето име има 11 гола и три асистенции откако минатиот јануари пристигна од Гронинген во Верона, а „наполитанците“ се надеваат дека тој ќе им биде значаен адут во обидите да се разбудат по катастрофалниот старт на сезоната.
Тој е третото засилување на Наполи во јануарскиот преоден рок, откако веќе беа ангажирани и Пасквале Мацоки од Салернитана и Хамед Жуниор Траоре од Борнмут.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА