Баерн Минхен во офанзива по Трипие

Киран Трипие е најновото име што се поврзува со преселба во Баерн Минхен, откако баварскиот гигант никако не успева да му ја исполни желбата на тренерот Тухел е да донесе нов десен бек во екипата.

Германскиот шампион десетина дена преговара со ПСЖ за Мукеле, но ставот на Французите е јасен – позајмица е можна само со клаузула за задолжителен откуп за летово, што пак од друга страна е неприфатливо за Баерн. Од иста причина пропаднаа и преговорите со Галатасарај за Бои, па челниците на Баерн сега вниманието го насочија кон Трипие.

Десниот бек на Њукасл до пред неколку месеци важеше за незаменлив во составот на Еди Хау, но статусот се промени по серијата катастрофални партии што Трипие ги имаше во Лигата на Шампионите и во Премиер-лигата. „Црно-белите“ минатото лето го доведоа суперталентираниот Ливраменто на позицијата десен бек, што само ги зголемува шансите дека би дале зелено светло Трипие да си замине доколку пристигне интересна понуда.

Тухел самиот дал зелено светло бидејќи сака играч со меѓународно искуство, нешто што Трипие дефинитивно го поседува по настапите за Тотенхем, Атлетико Мадрид и Њукасл, но останува да се види дали челниците на Баерн конечно успешно ќе завршат едни преговори, откако компликуваат и во текот на летото, па во последниот ден од преодниот рок не го финишираа трансферот на Палниња од Фулам.

Се вчитува...