Партизан претрпе уште еден гостински пораз во Евролигата откако шампионот на АБА загуби на мечот во Атина против Панатинаикос со убедливи 84-71. „Црно-белите“ се надеваа на подвиг, но без помошта на капитенот Кевин Пантер не успеаја да му парираат на одличниот состав на ПАО, кој се погласно ја истакнува кандидатурата за учество на фајналфор турнирот.
Избраниците на Жељко Обрадовиќ умешно парираа во првите три четвртини од овој натпревар, но загубија сила кога беше најважно, ПАО знаеше како да го искористи тоа, резултатски се одлепи, а на крајот стигна и до двоцифрена победа над незгодниот ривал.
Кендрик Нан со 21 и Митоглу со 16 поени ги предводеа стрелците во победничкиот тим, додека најефикасни кај Партизан беа Доужер со 16 и Нанали со 11 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА