Мурињо веднаш доби нова понуда за работа… и без размислување ја одби

Жозе Мурињо само неколку дена по добиениот отказ од Рома веќе ја доби и првата понуда за да му се врати експресно на фудбалот. Ал Шабаб од Саудиска Арабија е клубот што амбициозно тргна по потписот на трофејниот стручњак, но челниците на овој клуб останаа разочарани кога експресно добија негативен одговор.

Мурињо во текот на летото одби уште побогати понуди да се пресели во Саудиска Арабија, а сега кога е без ангажман планира барем кратко да одмори од фудбалот додека не добие повик од клуб со сериозни амбици. Како што тврдат италијанските медиуми, Португалецот го мерка тренерското место во Њукасл каде клупата на Еди Хау се тресе по серијата слаби резултати. Тоа е клуб со богати газди од Саудиска Арабија, нешто што би му одело во прилог на Жозе во обидот да добие богат буџет за трансфери за ремонт на играчкиот кадар, а потоа и атак на висок пласман.

Ако тоа не се реализира, Мурињо ќе почека до лето, кога би можел да се најде и на кормилото на некоја репрезентација, која би се решила на селекторска смена по ЕП 2024.

Се вчитува...